Покрај шестмината починати и 145 новозаболени, Косово во последното деноноќие го забележа и рекордниот број на излекувани од Ковид-19 во еден ден – вкупно 171 лице кое претходно резултира позитивно на новиот коронавирус ја пребродило заразата.

Вчера е забележана и рекордна бројка на извршени тестирања во еден ден, 562, a вкупно од појавата на епидемијата се извршени 30.567 тестови.

Oд почетокот на пандемијата позитивни на новиот коронавирус резултирале 5.617. Од нив, починале 130 лица, кои, според официјалните извештаи на здравствените власти, страдале и од други хронични и потешки болести.

Излекувани се 2.811 лица, додека бројката на активни заболени изнесува 2.676.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.