Извршниот директор на Заедницата на општини, Сазан Ибрахими, изјави дека почетокот на новата учебна година во Косово треба да се одложи до 13 септември, до кога, за да се запре ширењето на коронавирусот, ќе се воведе забрана за движење од 22 до 5 часот.
По средбата на министерот за здравство Арбен Витиа со градоначалниците на општините за новите мерки за спречување на епидемијата на коронавирус, Ибрахими рече дека угостителските објекти во Косово до 13 септември ќе работат до 21.30 часот, а ќе бидат обезбедени и услуги само на отворено. Тој нагласи дека општините имале неколку барања до Министерството за здравство – да се зголеми бројот на инспекции на ниво на општините и да има повеќе центри за вакцинација.
Министерството за здравство на Косово објави дека 16 лица починале во последните 24 часа како последица на ковид, така што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 2 393. Тестирани се 12 564 примероци, од кои 2 098 се позитивни.
Според официјалните податоци, во моментов на Косово има 25 407 активни случаи на ковид-19.
Исто така, 15.862 лица биле вакцинирани во последните 24 часа, дека досега на Косово се дадени вкупно 780 637 вакцини против коронавирус, при што со втора доза досега се вакцинирани 261 818 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.