Во Косово вчера се извршени 420 тестирања за Ковид-19, од кои позитивни резултирале 119 лица. Со тоа, бројката на заразени од новиот коронавирус од појавата на епидемијата се искачи на 5.237.

Од нив, 112 се починати, додека, вклучително вчерашните 92, излекувани се 2.462 лица.

Активни носители на новиот коронавирус, според последните официјални информации, се 2.663 лица, од кои речиси половина во главниот град, Приштина.

Според податовите на Европската иницијатива за стабилност, од последните две седмици, Косово е прво во Европа по просекот на нови слуќаи на заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители, пренесува Газета Експрес.

Според табелата на Европската иницијатива за стабилност, која е изработена на основ на податоците добиени од Европскиот центар за превенција и контрола на болеста, Косово на 100.000 жители има 124 новоинфицирани со вирусот корона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.