Косово нема да ѝ се приклучи на иницијативата Отворен Балкан, која има за цел да гарантира слобода на движење, стоки и капитал меѓу шесте земји од Западен Балкан кои не се членки на Европската унија, изјави косовската претседателка Вјоса Османи.

Србија, Албанија и Македонија се дел од заедничката иницијатива, но не и Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, сите делови од регионот на Западен Балкан.

Во вторникот премиерите на Албанија и Македонија Еди Рама и Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ се состанаа во Тирана за да потпишат прекугранични договори. По средбата со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во главниот град Приштина, Османи рече дека нејзината земја ќе размисли за приклучување кон таквите регионални иницијативи само откако Србија ќе ја признае декларацијата за независност на Косово во 2008 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.