Косовските медиуми пишуваат дека на нивната територија има резерви на минерали вредни 13,5 милијарди евра. Најголем дел е  лигнит со околу 15 милијарди тони).

Резервите на олово и цинк се проценуваат на 51 милион тони,а на никел и кобалт се околу 20 милиони тони.

Трепча е еден од најголемите рудници за олово-цинкова руда со просечни 180 илјади тони на олово-цинкова руда годишно, па токму затоа се водеа жестоки расправии меѓу косовската и српската страна за негова контрола.

Затоа уште пред пет години се донесе закон за сопствеништво на рудникот Трепча со кој државата ќе има удел од 80% со можност преостанатите 20% да бидат доделени на приватни инвеститори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.