Косовскиот премиер Авдулах Хоти, по потпишувањето на  договорот со Белград за економска соработка во Вашингтон, изјави дека за него тоа е првиот чекор кон конечен договор.

– Мислам дека е голем ден, многу важен за Косово и регионот. Овој договор се однесува на нормализирање на економските односи меѓу двете земји и поддршка на големи инфраструктурни проекти кои подобро ги поврзуваат двете економии, што создава подобар пристап до регионот и Европа, изјави Хоти за Гласот на Америка.

Тој рече дека овој договор не е конечен меѓу Косово и Србија.

– Тоа е договор за економска соработка за нормализирање на економските односи меѓу земјите, но јас го гледам тоа и сите заедно го гледаме како голем чекор во приближувањето кон конечниот договор, кој ќе значи и меѓусебно признавање, рече Хоти.

Тој додаде дека со нетрпение очекува Израел да го признае едностраното прогласување на независност на Косово, проследено со воспоставување дипломатски односи и економска соработка.

– Верувам дека ова е многу големо достигнување со помош на Соединетите држави“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.