Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор во интервју за „Јутарњи лист“ зборува за обидот на нејзиниот очув да ја силува. Причината за интервјуто е нејзината нова книга „Премиер“, во која ги опишува трауматичните моменти од растењето.

Се сеќава на моментите кога нејзиниот татко ја напуштил, кога нејзиниот татко, а потоа и очувот ја злоставувале мајка ѝ и кога очувот се обидел сексуално да ја злостави и неа.

Ја тепаше мајка ми безмислосно, а таа го криеше тоа од нејзината мајка, но … ништо ново во село Липик! Затоа што, баба ми ја тепал нејзиниот сопруг, пишува Косор.

Jадранка вели дека го викала очувот „тато, зашто бев добра ќерка“, но не дозволила да биде жртва на сексуално насилство.

Напишав дека во тој момент ’пораснав и остарев’. Татко ми не се споменуваше во куќата. До седумгодишна возраст живеев само со баба ми и нејзиниот брат, а подоцна мајка ми, како учителка, успеа да добие трансфер и да се врати дома во Липик. Името на татко ми се спомна во куќата само еднаш, тоа не го спомнав во книгата, кога мајка ми се обиде да добие алиментација на суд. Татко ми дошол со двајца адвокати за да се одбрани од сопственото дете. Мама се откажа – вели Косор.

Таа смета дека треба да се зборува за семејно насилство и затоа решила да ги објави тие детали во книга.

Таа исто така раскажа кој е најлошиот момент во нејзината политика.

Оној кога некој во „Лисински“ во тоалетот на изборниот конгрес на партијата напишал со големи букви „Јака кучка“. Тогаш се скршив. Гледав во тие лица и се прашував – ти ли си тоа?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.