Болниците во Бугарија се преполни, вчера во ковид-одделенијата имаше 7.553 пациенти со коронавирус, од кои 656 се на интензивна нега.
Повеќе од 90 отсто од пациентите не се вакцинирани, покажуваат податоците.
Здравствените власти велат дека владата и недовербата на јавноста кон вакцините се виновни за тешката епидемиолошка ситуација во земјата, велејќи дека само секој четврти возрасен човек е целосно вакциниран.
По релативно мирното лето, Бугарија беше тешко погодена од нов бран епидемија бидејќи не воведе построги мерки.
Земјата се соочува и со политичка криза бидејќи од пролетта минатата година ја предводи преодна влада, што дополнително ја наруши довербата на јавноста во институциите.
Бугарија е на прагот на трети парламентарни избори во една година, бидејќи партиите двапати не успеаја да се договорат за распределба на власта.
Вчера беа пријавени 5.178 новозаразени и уште 124 смртни случаи, со што бројот на починатите во земјата се искачи на 23.718, а во последните две недели Бугарија имаше највисока стапка на смртност од коронавирусот меѓу земјите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.