Врховниот суд на Словенија е под силна критика во јавноста откако донесе одлука да ја поништи пресудата за озлогласената група нарко дилери од случајот „Балкански воин“.
Обвинението е пред се насочено кон Драган Тошиќ, кој се смета за предводник на нарко кланот на Дарко Шариќ во Словенија. Словенечките безбедносни служби добивале информации директно од службите на САД, како и од повеќе европски полиции, за да успеат да се справат со Тошиќ, и во март 2018 година тој беше правосилно осуден на 15 години затвор.
Но неговите адвокати покренаа процес пред Врховниот суд, кој неодамна реши дека Тошиќ ќе биде пуштен на слобода поради процедурална грешка која се поткраднала во над 40,000 страници документи обработени за судењето.
Неделникот „Демокрација“ пишува дека случајот разоткрива колку е длабока корупцијата во словенечкото правосудство. Еден од судиите во процесот мораше да се повлече затоа што во минатото како адвокат го застапувал Тошиќ. Но на крајот одлуката ја донесе судски совет во кој членувал судија кој бил негов поранешен стручен соработник.
Судијата на Врховниот суд Бранко Маслеша, кој стои зад скандалозното ослободување на Тошиќ, е озлогласен судија од врмеето на комујнизмот, кој ја изрекол последната смртна пресуда во поранешна Југославија – изречена врз осуденик со душевни проблеми кој подоцна починал во психијатриска болница.
Бандата на Тошиќ организирала транспрт на дрога од Уругвај до Италија и беше разбиена во 2010 годнина, но сега, поради очигледен судир на интереси во словенечкото судство, тој ќе излезе на слобода, веројатно без можност повторно да се суди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.