Српскиот инфектолог Мијомир Пелемиш изјави дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши на два начина. Според него стекнувањето колективен имунитет не е решение, туку решението го гледа во вакцина доколку, како што рече, коронавирусот не исчезне сам од себе, што според него е многу неверојатно.
Пелемиш, кој е член на Кризниот штаб на Владата на Србија за сузбивање на заразната болест Ковид-19, за телевизијата Прва изјави дека стекнувањето колективен имунитет е ризик, посочувајќи дека не е можно да се процени како ќе се манифестира вирусот кај секој поединец.
Според него, не е можно да се утврди колку време вирусот останува во телото откако некое лице е изложено на новиот коронавирус.
Пневмониите кај пациентите се се потешки и многу повеќе пациенти се на респиратори. Повеќе од јасно е зошто има толку многу заразени и тоа со тешки форми на болеста. Многу време, и без никаква заштита се собираат насекеде. Имаме пациенти со најтешки пневмонии, кои немаат истории на други болести, потенцира д-р. Пелемиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.