Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 6.449 нови случаи на инфекција со коронавирусот, со што бројот на активни случаи во таа држава денеска изнесува вкупно 39.846.
Од нив, 2.086 пациенти се во болница, од кои 251 се на респиратор. Загинале 53 лица, пренесува Индекс.
Да потсетиме, вчера беше соборен рекордот со дури 66 лица кои починаа како последица на вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.