Учениците од петто до 12 одделение во Софија од утре ќе се префрлат на онлајн настава по налог на министерот за образование.

Општинските власти во главниот град на Бугарија, соопштија дека за најмладите од прво до четврто одделение, оперативниот штаб во Софија предложил наставата да продолжи со физичко присуство до крајот на оваа недела.

Во шест општини во софиската област – Ботевград, Своге, Сливница, Костинброд, Етрополе и Горна Малина, учениците, исто така, од утре ќе преминат на онлајн учење.

Регистрираната смртност во Софија на 14-дневна основа е 812 на 100.000 луѓе, истакна директорот на Софискиот здравствен инспекторат д-р Пенчев на состанокот на оперативниот штаб во главниот град на Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.