Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани, 38 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на потврдени случаи достигна до 228, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, хоспитализирани се 57 лица, пет се приклучени на апарати, а осум се пуштени дома.

Од потврдените случаи, 51 процент се лица над 65 години.

Рано утрово, бројот на жртви од коронавирсуот во Грција, се искачи на три лица, откако починаа двајца мажи, едниот 67-годишен, на островот Закинтос, а другиот 90-годишен во градот Птолемаид



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.