Конституивната седница на новиот албански законодавен дом ќе се одржи на 10 септември.
Врз основа на уставните надлежности седницата со уредба ја свика претседателот Илир Мета.
Во новиот Парламент со вкупно 140 пратенци Социјалистичката партија (ПС) има 74 пратенички места, изборната коалиција предводена од Демократската партија (ПД) 59, Движењето за социјалистичка интеграција интеграција (ЛСИ) четири и Социјалдемократската партија има три пратенички места.
Како што пред два дена, на седница на Националното партиско собрание, соопшти лидерот на социјалистите Еди Рама, спикер на Парламентот ќе биде универзитетска професорка Линдита Никола.
Педесет и шест годишната Линдита е сопруга на за проф. д-р Лигор Никола, актуелен декан на Факултетот за математичко инжињерство и физика во Тирана. Тој е Македонец, родум од село Врница, област Голо Брдо. Како македонска снаа одлично зборува македонски јазик.
Ова е последователна висока функција која Рама ја доверува на своите сопартијки. Во новата влада, која ќе брои 16 министерства, 12 се жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.