Со полагање на заклетва на народните пратеници денеска во Белград е конституиран новиот српски Парламент, јави дописникот на МИА од Белград.
Со седницата претседаваше најстарата пратеничка Смилја Тишма (91г.) која претходно констатираше дека комисијата за верификација направила извештај за спроведените избори и дека сите 250 пратенички уверенија се во согласност со извештајот на РИК, како и дека се исполнети условите за потврдување на мандатите на сите пратеници.
Заседанието се одржа со мерки за заштита од епидемијата на коронавирус, а учесниците на протестот фрлаа со јајца и домати врз зградата на Надродното собрание на Србија, кога видоа дека пратениците излегуваат од зградата.
Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето Доста беше (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот организиан од ДЈБ. Но, Радуловиќ не е казнет бидејќи демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот.
Еден демонстрант е приведен откако скандирааше „Вучиќу шиптару ќе платиш за предавството“ и „Не го даваме Косово“.
Во Собранието на Србија денеска се одржува конститутивната седница, Апратениците излегоа н пауза. Вратите на Парламентот се затворени, а пратениците не ја напуштаат зградата.
Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) синоќа одржа протестот пред Парламентот и најави дека денеска во девет часот ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, бидејќи изборите се фалсификувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.