Откако победи на локалните избори и стана најмладиот градоначалник на Загреб сите очи во Хрватска се вперени кон Томислав Томашевиќ и неговата сопруга Ива Мертиќ.
Ива (40) работи како инструкторка по јога, а завршила компаративна книжевност. Го запознала Томислав во 2008 година преку пријатели. Таа е вегетаријанец, а тој се труди да јаде помалку месо.
Тој за себе вели дека работи од 8 до 1, а таа додава: „Еден по полноќ“, пишува хрватскиот магазин Глорија во постизборната сторија за 39-годишниот градоначалник на Загреб.
Семејството на Томислав е по потекло е од Босна, а неговите родители по убедување се десничари.
Екоактивист, музичар, политиколог
Томашевиќ е загрепчанец, кој живеел во повеќе градски населби. Уште на 16 години почнал да оди по екопротести, зашто, како што вели, отсекогаш го погодувале неправди. Студирал политички науки.
Отсекогаш ме погодувале неправдите. Емпатичен сум кон луѓето на кои им е тешко и сметав дека ми е должност лошите работи да ги менувам со директна акција. И тоа ми стана начин на живот, вели тој.
Се зачленил во екоорганизацијата Зелена акција, во која останал 14 години. Таму го сретнал познатиот патописец Давор Ростухар. Со него во средно имале панк-бенд под името Main Switch.
За постдипломски Томашевиќ заминал за Кембриџ, но кога дошол таму знаел дека еден ден ќе се врати во Загреб. Во тоа време веќе бил во врска со Ива, а таа доаѓала да го посетува. Во тоа време Ива живеела во Загреб со цимерите и кучето Бошко, кое го вдомила од улица. Денес сите тројца живеат во гарсоњера од 40 квадрати, после долго време живеење под кирија.
Парите ги трошат на патување, а патуваат исклучиво со домашни агенции за да ја заштитат хрватската економија. Медениот месец го минале на Непал, а две недели поминале на планината Анапурна, со намера да го преминат највисокиот превој на светот.
Заедно и зад решетки
Томашевиќ, како активист за социјална правда, протестирал против уништување на фабриката „Каменско“, против палењето отпад во Ресник, против приватизацијата на претпријатието „Чистота“… Во 2010 заедно со Ива завршиле во полициска станица со 150 други луѓе, што е рекорд во хрватската историја. Прозорците биле затворени сѐ дури еден од протестантите не се вклучил во живо на ХРТ од својот мобилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.