Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека од околу 2.2 милиона вакцини против коронавирусот аплицирани во државата, досега не е забележан случај на анафилактичен шок.

Тој во изјава за локални медиуми нагласи дека во текот на вакцинацијата досега, во Србија се регистрирани околу 600 несакани реакции на вакцината.

Според него, ставовите на оние кои се противат на вакцинацијата во моментов се „без поддршка“ затоа што имунизацијата се одвива на доброволна основа.

Суштината е дека постои страв од самата вакцина, што е целосно неосновано, рече Кон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.