По долга и неуспешна борба со институциите, жителите на една зграда во белградската населба Медак конечно ќе се ослободат од неподносливата смрдеа и ѓубре кои доаѓале од четирисобниот стан на седмиот спрат, во кој до неодамна живееле една поранешна библиотекарка и нејзината ќерка, со пречки во развојот.

Во станот живееја библиотекарка, која беше ментално болна и нејзината ќерка (30) со посебни потреби. Откако влегоа во станот новите газди открија дека закопувале лешеви од мачки во саксии на тераса, а ѓубрето што со години го извлекувала од контејнери го чувале во станот. Некои станари ги повикувале сите можни служби 12 години, но никој не сакаше да го реши проблемот. Сосетката што живее под нив, конечно успеа да најде инвеститор кој се согласи да го купи овој стан, кој без претерување изгледа како хорор филм, раскажал еден од станарите за српските медиуми.

(фото: Курир.рс)

Тој додава дека чистењето траело со денови, а зградата била дезинфицирана четири пати, поради пронајдените лешеви и бубачки.

Од станот биле изнесени 1.300 вреќи ѓубре! Наводно биле пронајдени 30 мртви мачки, но јас не ги видов. Само чистењето ме чинеше 3.500 eвра, а тек сега му престои реновирање! Чистачите ги фотографираа ужасните сцени на телефон, но немав стомак да ги гледам, вели закупецот.

(фото: Курир.рс)

Една од сосетките раскажала дека библиотекарката потекнува од угледно семејство.

Нејзините родители и сопругот беа сликари. Не знам што ѝ се случи, но таа одеднаш прсна психички и почна да вади смет од контејнерите, кратко рече постарата жена, додека еден од соседите изјави дека таа и нејзината ќерка немале ниту лични карти.

(фото: Курир.рс)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.