Поранешен припадник на ОВК, Пјетер Шаља, кој претходно беше уапсен во Холандија, доцна синоќа е пренесен во затворот на Специјалниот суд во Хаг.

Шаља е префрлен во Хаг, откако обвинението за воени злосторства против него е потврдено.

Пјетер Шаља, познат како командант Волк, како осомничен беше испрашуван пред еден месец во Брисел.

Шаља, беше во единицата на ОВК под команда од Рамуш Харадинај за време на војната во Косово и Метохија, а Хашкиот трибунал го сомничи за злосторства извршени против Србите и Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.