Високите температури несвојствени за месец мај, продолжуваат и денеска и се главната причина плажите кои денеска се отворија во цела Грција, да бидат полни со граѓани.
Сепак поради коронавирусот, жителите на неколку градови особено од Атина се пожалија поради високите цени на услугите на плажите поради вирусот.
Имено за две лежалки и чадор на плажа тие одвоиле дури 80 евра.
Оваа цена сопствениците на лежалките ја правдаат поради тоа што секој пат кога ќе се ослободат тие мора веднаш да се дезинфицираат за да можат да дојдат следните корисници.
Покрај ова персоналот носи маски, а социјалното растојание исто така се почитува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.