Зоран Шпрајц, новинар на хрватскиот телевизиски канал „РТЛ“ ја исмеа претседателката Колинда Грабар Китаровиќ и нејзината изјава која ја даде за време на посетата на државната граница со БиХ во врска со мигрантите.
На крајот од прилогот тој се фати за глава.
Шпрајц прилогот го најави со овие зборови:
Од неофицијалната претседателска кампња која официјално не се случува, за да не и пречи на претседателката во обавување на државните работи, одиме во државничките работи кои ќе и пречат во кампањата.
Во прилогот се гледа дека Грабар Китаровиќ им поставува различни прашања на полицајците за мигрантите и ги фали за добрите одговори. На крајот од прилогот изјавува:
Кога некој се провлекува низ границата, нормално е дека ќе има модринки, гребнатинки и телесни повреди. Размислите за тоа кога ќе слушнете секакви приказни дека нашите полицајци се брутални. Не се, јас ви гарантирам за тоа.
По оваа реченица во кадар се нашол Шпрајц во студио, кој се држел за глава, пренесе порталот „Индекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.