Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ ја објави кандидатурата за втор мандат, јавуваат хрватските медиуми. Нејзиниот слоган е „Затоа што верувам во Хрватска“.
Вашата доверба е мојата сила. Како претседател секогаш јавно ги искажував најважнит епроблеми, отворајќи јавна расправа по нив и нудејќи ги своите решенија. Сега ја барам вашата доверба за втор мандат – рече Грабар Китаровиќ, нагласувајќи ја важноста за општеството.
Таа изрази благодарност на сите Хрвати кои и дале поддршка и доверба, а се заблагодари на ХДЗ, на претседателот на партијата, Андреј Пленковиќ и на секој член.
И понатаму ќе бидам сведок на сувереноста, на нашиот начин на живот и на идентитетот. Хрватска по мерка на човекот, тоа емојата цел, мојата должност, тоа е должност на сите нас – порача хрватската престедателка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.