Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот на заразени, овој град бележи и зголемен број на пациенти со потешка клиничка слика, а капацитетите на болниците се целосно исполнети, пишува српски „Блиц“.

Има голем број хоспитализирани. Сите капацитети на болниците во областа Пчиња се полни. Расте бројот на пациенти со тешка и умерена клиничка слика. Болести се јавуваат на сите возрасти, претежно меѓу работната популација, но има значителен број на заразени деца од предучилишна и училишна возраст, изјави за „Блиц“ д-р Слаѓан Станковиќ, епидемиолог во Здравствениот дом во Врање.

Тој вели дека влошената епидемиолошка состојба е резултат на непочитување на мерките, но и поради големиот број на Македонци кои доаѓале на шопинг во Врање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.