Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја сретнал љубовта на својот живот во далечната 1987 година, на 13 години во средното училиште Амелокипои, а подоцна заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина. Четириесет и четиригодишната Перистера Базиана, позната во јавноста како Бети, е жената која е заслужна за неговиот политички успех.
Страствениот спортист на почетокот на 90-тите го повредил коленото. Бидејќи живеел во близина на фудбалскиот стадион, тој бил редовен посетител на речиси сите натпревари, посебно кога играл неговиот омилен клуб Панатинаикос. Сепак, политиката станала неговата животна определба, посебно откако Перистера го убедила да им се придружи на младите комунисти.
Тие заедно воделе неколку локални комунистички протести, вклучувајќи ги и тој за непопуларните реформи во школството.
Многумина веруваат дека без влијанието на Бети Базиана, која колегите на факултет ја опишувале како „динамична и многу упорна“, Ципрас никогаш нема би дошол до чело на левичарската партија.
Грчките медиуми и денеска го поставуваат прашањето дали првата дама на Грција е таа која од сенка ги држи конците и управува со земјата?
Невенчаниот пар, кој со децении живее заедно во Атина, има две машки деца. Фебус и Орфеј Ернест, кој името го добил по кубанскиот револуционер Че Гевара.
Тие се обидуваат да го чуваат приватниот живот во дискреција, но сепак Бети, која во Грција ја нарекуваат и дамата која не носи Прада, привлекува големо внимание каде и да се појави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.