Епидемиолог д-р Радмило Петровиќ од Србија порача дека оние кои се подготвени за Нова година да бидат во кафеана, да бидат спремни Божиќ да го чекаат во болница.
Тој алармира дека состојбата е многу сериозна, а во Србија веќе е откриен и омикрон сојот на коронавирусот.
Епидемиологот вели дека престои период на слави и собирање на луѓето во затворен простор, па затоа по Нова година бројот на заболени се очекува да биде поголем.
И јас сакам дочек на Нова година, но сето тоа трае неколку часа и без маска што е голем ризик да се шири вирусот – вели Петровиќ.
Додава дека основна мерка за заштита од вирусот е вакцината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.