Епидемиологот Предраг Кон рекол дека на следната Седница на Кризниот штаб секако ќе биде одлучено за продложување на мерките кои веќе постојат, но и за воведување на нови.
Со тоа што е разрешено дали ќе има нови мерки на гранциите, ќе има, само техничко прашање е како тоа ќе се спроведе. Така што тоа е одлучено – рекол Кон и додал дека во Србија ќе може да се влезе само со ПЦР тест или самоизолација, домашен карантин.
Преку социјалните мрежи се објавуваат повици за изнајмување простор за прослава на Нова година, па големо прашање е дали можат да се контролираат тие приватни прослави, рекол Кон.
Затоа мора да размислуваме за ограничување на движењето, рекол Кон за Телевизија Прва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.