Салих Мустафа кој вчера пред хашкиот суд се изјасни за невин ги надгледуваше борците на ОВК во областа Лап, 35 км северно од Приштина. Подоцна тој беше шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово, воени трупи создадени во 2009 година како преодна единица пред да стане редовна армија.
Истрагите ги спроведуваат Косовските специјализирани совети и канцеларијата на придружното обвинителство, кои беа основани пред пет години за да ги разгледаат обвинувањата дека припадниците на ОВК извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото
Војната 1998-1999 година остави повеќе од 10 000 мртви, повеќето етнички Албанци од Косово. На повеќе од 1.600 лица не им се знае судбината.
Судијата на претходна постапка го потврди обвинението против Салих Мустафа на 12 јуни 2020 година. Согласно правилото 88 (2) од Деловникот и доказите пред Специјализираните совети на Косово, обвинението потврдено од судијата не беше објавено во тоа време, се вели во соопштението.
Во потврденото обвинение се тврди дека кривичните дела за произволно лишување од слобода, сурово постапување и мачење биле извршени против најмалку шест лица приближно од 1 април 1999 до 19 април 1999 година на имот во Злаш, Косово, кој служел како затвор. Понатаму се тврди дека еден затвореник бил убиен на таа локација помеѓу приближно 19 април 1999 година и крајот на април 1999 година.
Потврденото обвинение го товари Сали Мустафа за различни форми на кривична одговорност за: произволно лишување од слобода, сурово постапување, мачење и убиство како воени злосторства извршени во контекст на вооружен судир во Косово и во врска со тој конфликт.
Салих Мустафа е член на организацијата Национално ослободително движење од 1988 година, под раководство на Африм Зити, Фахри Фазли и Фадил Вата. Тој беше уапсен во 1993 година и осуден на пет години затвор за организирање вооружено востание.
Во август 1997 година, по издржувањето на затворската казна, Мустафа се занимаваше со организирање и распоредување на ОВК во регионот на Приштина, Обилиќ, Гњилане, Витина и Каменица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.