Мило Ѓукановиќ е еден од најдолговечните политичари во Европа. Неговиот подем почнува во 1990 година кога Социјалитичката партија на Црна Гора ја преименува во ДПС и се врзува со Слободан Милошевиќ.
Набрзо станува негов верен пулен и подржувач на политиките. Мило не се откажа од Слобо ниту за време на бомбардирањето од страна на НАТО во 1999 година кога бомби паѓаа и на Црна Гора иако не колку во Србија.
По смртта на Милошевиќ, Ѓукановиќ се свртува кон Русија и руски бизнисмени станаа најголеми инвеститори во Црна Гора а тој голем поддржувач.
Но, по прогласувањето на независнот од Србија во 2006 година Ѓукановиќ станува голем Еврoпеец и земјата ја внесе во НАТО и ги отвори речиси сите поглавја со ЕУ.
Но, тоа не го спречи заедно со неговата фамилија да ги контролираат речиси сите бизниси и тендери во државата и да стане еден од најбогатите политичари на Балканот. Во тој период се соочи со обвинение за шверц на цигари која на чуден начин беше повлечена од страна на италијанското обвинителство.
За крајот на неговата ера беше пресудно што се закачи со српската заедница во Црна Гора која сочинува половина од населението и со Законот за верски слободи со кој сакаше да ја затвори Српската православна црква и да создаде нова, црногорска црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.