Јован Вукотиќ кому македонското МВР му издало пасош  на име Георги Андонов е  безбедносна интересна личност и водач на озогласениот црногорски Шкаљарски клан.

 

Тој се терети за обид за убиство на сопругата на водачотна соперничкиот клан Тамара Звицер. Со Кавачкиот клан се во „војна“ повеќ е од десет години ,откако во Валенсија во 2014 година изчезнаа 300 килограми кокаин.

Тој беше екстрадиран од Србија во Црна Гора на 8 февруари, кој го бараше да спроведе кривична постапка пред Високиот суд во Подгорица за тешки обиди за убиство и недозволено поседување оружје.Но Вукотиќ го напушти затворот Спуж на 28 јули откако му беше укинат притворот.

Сега црногорските власти повторно распишаа потерница за него

Јовица Вукотиќ со невенчаната сопруга Маша Мишиќ има две деца. На Маша и се губи секаква трага откако во 2019 година неколкумина противници на нејзниот сопруг ја пресретнале пред затворот преправајќи дека се полицајци.

Тие сакале да и подметнат цијанид во храната што ја носела за Јовица.

 

Јован Вукотиќ беше е во врска со Дејана Живковиќ една од најзгодните манекенки во Србија.Дејана пред Јован беше во врска со босанскиот тенисер Дамир Џумхур.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.