Албанија е европската база за наркотици и пари стекнати со трговијата со дрога владеат со таа земја, оценува германскиот дневен весник Билд.
Билд се повикува на аудиоснимки на кои мафијата врбува гласачи да гласаат за партијата на албанскиот премиер Еди Рама.
Една од причините за големите протести во Албанија е тоа што владата масовно купувала гласови, и тоа со помош од наркомафијата, која владее со земјата, пишува германскиот весник.
Билд објави дека поседува аудиоснимки од телефонски разговори кои докажуваат дека пред парламентарните избори во 2017 година познат наркобос купувал гласови за владејачката Социјалистичка партија.
Станува збор за наркобосот Астрит Авдулај, кој е шеф на банда од најмалку 44 членови, кои ја организираат меѓународната трговија со наркотици во регионот околу Драч. Авдулај го контролира бизнисот со дрога во Западна Европа.
За залагањето за политичката кампања на партијата на Рама, Авдулај бил пуштен од затвор каде што одлежувал казна за брутална ликвидација во 1997 година, наводно поради тоа што има депресија и не смее да биде притворен. Отако тој бил пуштен од затвор повторно против него се покренала истрага. Но, секогаш кога Обвинителството планирало против него да покрене обвинение на чуден начин се менувал составот.
Станува збор за човек од местото Шијак, во централна Албанија, кој со брата си Алтин Авдилај создал вистинско криминално царство и преку пристаништето во Драч криумчарел најголеми количества кокаин и хероин од Латинска Америка во земјите на ЕУ.
Кога е затворен во 1997 годјна, повеќепати му се заканувале со смрт во затворот, папочнал да води правна битка за ослободување. Тврдел дека е во тешка депресија, па на краајот бил ослободен во 2016 година, непосредно пред парламентарните избори во Албанија.
Тогаш мал број опозициски медиуми во Албанија ги објавиле спорните прислушувани разговори кои сега предизвикаа големо внимание, но никој не можел да му застане на патот на Рама ниту пак некогаш беше докажано дека браќата мафијаши Авдулај се негови луѓе и заедно ја планираат изборната победа.
Авдулај, кој е познат под прекарот Ницја, набрзо откако излегол од затвор, ставен е под истрага поради учество во трговија со дрога. Меѓутоа, секојпат кога обвинитеството сакало да покрене обвинение, на чуден начин се менувал составот на телото и никогаш не се случувало тоа.
Никогаш не е утврдено кој е одговорен за промената на гарнитуратаа на тужители, но медиумите јасно укажувале дека се работи за врвот на Владата во Тирана.
Авдулај имал постојана телефонска врска и комуникација со градоначалникот на Драч, Ванѓуш Дака, и тоа од јануари 2017 година до февруари 2018 година, а освен тоа тој и брат му двапати вечерале со него. Тој однос кулминирал пре изборите на 25 јуни 2017 година. Разговорот што го објави Билд од овој ден јасно укажува на вклученост на мафијата во албанскиот изборен процес.
Повеќе ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.