Kосовската влада на чело со премиерот Албин Курти денеска е во Македонија каде имаа заедничка конференција со владата на Зоран Заев. Доаѓањето во Скопје предизвика хаос во градот и неверојатни гужви и негодување.
Курти инаку е чест гостин , а најмногу доаѓаше кога беше опозиционер. Тој е седмиот Курти премиер на Косово од крајот на војната во 1999-та. Од студентски лидер, затвореник во Србија и на Косово, опозиционер кој фрлаше солзавец во Парламентот, до прв човек на владата.
1997 беше избран за лидер на стидентите и организираше протести .Во 1999 година беше успасен од српската полиција за време на бомбардирањето на Србија.
Беше секретар на УЧК а од српскиот затвор е ослободен во 2001 година. Во 2005 година го оформува движењето „Самоопределување“ кое подоцна прераснува во партија.
Тој важи за радикал, но прикриен и не е на рангот на Харадинај и Хашим Тачи.
Неговата партија во 2017 година фрли солзавец во Парламентот на Косово. Има 46 години и во брак е со новрежанката Рита со која има една ќерка.
Ова е негов втор мандат како премиер откако првиот пат владата му беше срушена директно од Американците бидејќи се спротистави на дијалогот со Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.