Убиството кое го потресе регионот се случи на 19 јуни минатата година во Атина. Тогаш беа убиени Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, водачи на озогласениот Шкаљарски клан. Медиумите во регионот пишуваа дека тие влегле во Грција со лажен пасош но не се знаеше со каков.Се до вчера кога емисијата „Код“ објави тие поседувале македонски пасош и оти со него влегле во Грција.
Дедовиќ и Стаматовиќ беа изрешетани во еден ресторан додека седеа со свои сопруги и децата. Напаѓачите точно знаеле за нивната локација бидејќи сопругите се чекирале на Фејсбук.
Им пукале на двајцата во главите, а во ресторанот влегле мирно, така што сите во првиот момент помислиле дека се гости.
И двајацата имаа по 43 години и досега имат прошверцувано кокаин во вредност од над 300 милиони евра.
Има две верзии зошто се убиени.Првата е дека тоа е дело на ривалскиот Кавачки клан, а другата е дека ,Игор Дедовиќ, наводно бил вмешан во шверц на 20 тони кокаин 2019 година во Филаделфија и дека тој е виновен за губење на нелегалниот товар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.