Дваесет и тригодишната Србинка, која пред две години се породи сама и потоа ги уби своите близнаци, завчера е осудена на две години и 10 месеци затвор. Мајката-монструм, која за да го заштити нејзиниот идентнитет „Блиц“ ја нарече Јелица, доаѓа од угледно семејство кое долги години живее во Швајцарија.

Јелица криела од своето семејство дека е трудна. Се породила сама во кадата, откатко гледала туторијал на „Јутјуб“. Нејзината одбрана тврдела дека ги убила своите деца бидејќи доаѓа од конзервативно семејство.

Весникот го посети дедото на младата девојка, кој живее сам во село во западна Србија.

Веднаш заминав да ги видам во Швајцарија, но таа веќе беше во притвор и не стигнав да ја видам. Ни пишуваше секој ден, а ние не можевме да престанеме да плачеме кога ги читавме, раскажува Раденко, нејзиниот дедо.

Дедото вели дека како семејство тие се навистина блиски и не може да поверува дека ова се случило. Тој, исто така, вели дека никој не знае кој е таткото на близнаците, мажот кој ѝ раскинал на Јелица кога дознал дека е бремена и ја принудувал да абортира.

Отсекогаш беше друштвена, весела личност. Кога и да дојдеше ќе го земеше мојот автомобил, излегуваше со друштво, никој никогаш ништо не ѝ бранел, вели дедото.

Тој додава дека тие се нормално семејство, сложно и не разбира зошто чувствувала потреба да го крие момчето или бременоста.

Злосторството се случи на 10 декември 2015 година во Луцерн, Швајцарија, каде Јелица се породи во кадата на своето купатило. Откако го роди првото синче, таа го сокрила под облеката и го одвела во подрумот каде крвнички го убила удирајќи го од ѕид, па од под. Тоа починало од тешки повреди на главата, по што го сокрила во големо плишано мече со патент.

После 30 часови почнала да се породува со второто дете, кое починало веднаш по раѓањето, а таа го фрлила во корпата за нечисти алишта. Според вештачењата на докторите, бебето би преживеало доколку веднаш по првото породување, таа дошла во болница.

Случајот бил откриен кога поради обилно крварење, Јелица се онесвестила, а семејството ја одвело во болница. Докторите веднаш откриле дека таа е штотуку породена мајка, а поради нејзините неповрзани изјави, решиле веднаш да ја известат полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.