Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, поведе тужба против некогашниот министер за одбрана, Панос Каменос, поради клевета, закани и ширење лажни вести, објави „Катимерини“.
Коѕијас во тужбата ги наведе заканите и притисоците на кои, како што тврди, бил изложен во врска со преспанскиот договор.
„Сметам дека е потребно судот да ме заштити“, изјави Коѕијас обвинувајќи го Каменос дека внимателно планирал како да му наштети уште од летото минатата година.
Коѕијас смета дека Каменос е одговорен за стотината заканувачки писма, текстуалните пораки и имејлови вклучувајќи и писмо во кое имало куршум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.