Денешната одлука за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска не придонесува за мир оцени министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл.

Добрососедските односи се важен предуслов за напорите за интеграција на Косово во ЕУ, пред сè, нормализацијата на односите со Србија е од приоритетно значење, вели Кнајсл во соопштението.

Косовската влада денеска ја изгласа одлуката за менувањето на Косовските безбедносни сили. По ова, пристигнаа низа реакции. Српскиот министер за надврешни работи, Ивица Дачиќ, вели дека формирањето косовска војска е најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот и безбедноста на српскиот народ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.