За учениците во основните и средните училишта во Србија, денеска почна нова учебна година, која се организира под посебни услови поради епидемиолошката состојба, со помалку ученици во училница и почитување на препорачаните мерки за борба против ширењето на Ковид-19.
Во гимназијата во Чачак средношколците ја започнаа учебната година на отворено, а училишните клупи беа распоредени и на училишната бина.
Како што претходно изјави министерот за образование, Младен Шарчевиќ, поради спроведување на мерките во училиштата се зајакнати дежурствата, учениците ќе мора да носат маски и да одржуваат растојание, а училниците почесто да се дезинфицираат.
Наведувајќи дека 97 проценти од родителите во Србија се изјасниле нивните деца да одат на училиште, Шарчевиќ објасни дека во 38 проценти од училиштата во Србија, пред сè помалите рурални и малцински училишта, одделенијата нема да има потреба да се делат во групи до 15 ученици со цел примена на епидемиолошки мерки.
Наставата во училиштата во Србија беше прекината во средината на март кога беше прогласена вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.