Министрите и другите официјалните претставници на грчката влада, кои се сметаат за клучни за функционирањето на државните органи, ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат вакцинирани против корона вирусот..

Како дел од државниот план за вакцинација наречен „Елефтерија“, повеќето државни службеници вакцината треба да ја примат во следните 10 дена.

Досега се вакцинирани повеќе министри, а неделава ќе дојде ред на грчкиот шеф на дипломатијата, на претставници на Министерството за здравство, како и на шефот на грчката разузнавачка и безбедносна структура, Димостенис Анагностопулос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.