Директорката на Клиничкиот центар при Универзитетот во Сараево (КЦУС), Себија Изетбеговиќ изјави дека Кризниот штаб на таа институција прогласил вонредна состојба. Дури 519 пациенти се лекуваат од ковид-19 во одделите на КЦУС.

Со оглед на моменталната состојба, кризниот штаб на КЦУС прогласи вонредна состојба и донесе едногласна одлука за повлекување на сите вработени од годишен одмор, се наведува во соопштението од КЦУС. Поради влошување на состојбата денеска ќе заседава и Собранието на Сараевскиот кантон.

Во периодот од 15 февруари до 15 март, дневниот број на пациенти се движеше од 104 до 779 случаи, со просечна вредност од 387 потврдени случаи на ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.