Со оглед на релативно малиот број случаи на коронавирус – 3.148 заразени и 185 починати, Грција им овозможи на компаниите повторно да работат, да патуваат, а од понеделник, дозволена е и работата на борделите, но со почитување на строги правила.

Посетите се ограничени на 15 минути по клиент и се препорачува и сексуалниот работник и клиентот да носат маски, објави Си-ен-ен.

Вратите и прозорците треба да бидат отворени за да се овозможи влез на свеж воздух, а предвидено е плаќањето само со картичка, а не со готовина.

Борделите треба да водат список на клиенти со нивните имиња и телефонски броеви во затворен плик кој ќе го чуваат во рок од четири недели, во случај надлежните органи да треба да бараат заразени.

И други земји размислуваат повторно да дозволат сексуална работа, а холандската влада планира повторно да ги отвори борделите на 1 септември, иако има повици да го сторат тоа порано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.