Јавното обвинителство во Сремска Митровица, Србија, поднесе обвинение за тешко убиство против 26-годишната Јелена Шпаговиќ од Белгра, ќерка на некогашниот пратеник и втор човек во партијата Српска десница, Саша Дујовиќ. Доколку е осудена, на девојката ѝ се заканува казна до 40 години затвор.

Шпаговиќ беше уапсена на 6 јули 2019 година, три недели по убиството на пензионерката Мајда Гаровиќ (80). Во тој период беше уапсен и нејзиниот брат, Момчило Дујовиќ (21), осомничен дека ѝ помогнал, но било утврдено дека тој не знаел ништо за злосторството.

Телото на пензионерката било пронајдено запалено во превртен контејнер во населба со викендици во село во близина на Нови Сад.

(фото: РАС Србија)

ДНК анализата покажала дека станува збор за пензионерка која била пријавена за исчезната пред 4 дена.

Неполни две недели подоцна, Шпаговиќ, која во моментот работела како медицинска сестра во приватна клиника во Белград, била уапсена. Таа живеела куќа до куќа со Гаровиќ во Земун и дека и покрај разликата во години, тие се дружеле. Доказ за тоа биле и разговорите пронајдени на нивните социјални мрежи. Подоцна Јелена се разведила и преселила, но тие останале во контакт.

Истрагата утврдила дека Мајда ѝ позајмила на младата пријателка 2.500 евра, долг кој наводно еден од мотивите за убиството.

Според обвинението, Јелена ја намамила Магда, веројатно велејќи дека ќе ѝ го врати долгот, по што ја убила. Таа од вратот на убиената жена го украла и златното ланче, кое подоцна го продала. Телото го ставила во куфер и со изнајмено „пежо 508“ заминала до населбата покрај Дунав, каде ги запалила остатоците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.