Како неодговорноста на функционерите во БиХ ги премина политичките граници и стана опасна по живот? Зошто државата доживеа дебакл со имунизација на граѓаните? Ќе завршат ли на суд одговорните кои не набавиле вакцини на време? Како пандемијата се користи за тајни политички договори и разбивање на државата? Како вакцините ја потврдија дискриминацијата и станаа оружје на модерната доба?

Ова е дел од најавата за емисијата Прессинг, каде се разговара со адвокат, кој заедно со група граѓани поднеле кривична пријава против надлежните во Босна за ненавремена набавка на вакцини и здравствен ризик

Македонија е во иста ситуација. Дури и бетер. Дали во Македонија ќе се побара одговорност од функционерите? Најавата за босанската емисија е сосема соодветна и за состојбата во Македонија. Кој ќе сноси одговорност за досега над 3000 жртви на корона?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.