Во текот на вчерашниот ден, во одредени делови на Грција беа измерени рекордно високи температури, кои достигнаа до над 40 степени Целзиусови, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Националната опсерваторија во Атина, во градот Спарта на Пелопонез вчера биле измерени 40,7 степени, а во Централна и Јужна Грција, како и на островот Крит, температурата била над 39 степени Целзиусови.

Високите температури несвојствени за месец мај, продолжуваат и денеска и се главната причина плажите кои денеска се отворија во цела Грција, да бидат полни со граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.