Министерот за надворешни работи на Србија и лидер на СПС, Ивица Дачиќ секојдневно добива анонимни писма со најстрашни закани, дознава српски Курир. Му се закануваат со смрт, труење и ставање во гепек, а на удар се дури и неговите деца Лука и Андреа.

Некои од пораките се толку морбидни што неговите соработници избегнуваат и да му ги покажат. Досега добил толку многу пораки, што од нив е направен поголем куп.

Тоа се случува повеќе пати месечно. Пишува: ќе те пикнеме во гепек, ќе те одведеме и ќе те убиеме, ќе ти го отруеме семејството, ќе ти ги заколеме децата, запамети кога последен пати си ги видел ќерката и синот. Овие закани проследени се со најголеми вулгарнсоти, пцовки, кои само болем ум може да ги смисли и да се осмели некому да ги упати- вели упатен извор за Курир.

Симптоматично е што повеќето пораки се пишувани на рака, а една иста личност ги праќа неколку пати.

Најчести се заканите од Хрватска, Албанија и Косово. Луѓето задолжени за неговата безбедност забележале дека се повторуваат писма на кои некој се потпишува со Анте.

Протоколот е таков што секоја закана мора да се пријави на полицијата и Безбедносно информативната агенција, како и да им се достават оригиналните писма – вели соговорникот.

Во зависност од нивната проценка, се зголемуваат мерките на безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.