Највисокиот турски суд денеска ќе ја разгледа петицијата во која се бара музејот „Аја Софија“ во Истанбул да се пренамени во џамија, јави ДПА.
„Света Софија“ била најголемата христинска црква, изградена во VI век од Византијците, а во џамија била претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година.
Статусот од верски објект во музеј бил сменет со указ во 1934 година.
Одлуката на судот може да биде донесена или денеска или во рок од 15 дена, јави турската државна агенција „Анадолија“.
Религиозните фанатици веќе долго време бараа ова Светско културно наследство на УНЕСКО повторно да се претвори во џамија.
Пред минатогодишните избори претседателот Реџеп Тајип Ердоган зборуваше за можноста „Аја Софија“ да се пренамени во џамија.
Тоа го подели турското општество каде многумина сметаат дека актуелниот музејски статус на „Аја Софија“ е одраз на секуларизмот во земјата.
Петицијата, што беше слушната и од Државниот совет, ја поднесе малку познатото здружение, чиј 75-годишен претседател, Исмаил Кандемир, веќе 26 години се бори за пренамена на објектот во џамија.
Тој неодамна за телевизијата Канал7 изјави дека го „посветил својот живот“ за „Аја Софија“ да биде повторно отворена за исламски молитви.
Кандемир бара поништување на указот од Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерната турска република, кој го смени статусот на споменикот во музеј.
„Аја Софија“ е културно обележје и за христијаните и за муслиманите и секоја година ја посетуваат милиони туристи.
-Претворањето на „Аја Софија“ во џамија ќе разочара милиони христијани низ целиот свет, изјави патријархот Вартоломеј Први, духовниот лидер на православната христијанска црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.