Секретаријатот за сообраќај распиша јавна набавка за изработка на студија „Управување на сообраќајот во Белград низ модел на тарифирање за пристап во централната зона“.
Раководството на градот одлучи да го реши сообраќајниот метеж со наплата за минувањето на автомобилите низ центарот на главниот град.
Според информациите, идејата е главниот град на Србија го земе примерот на Лондон, Сингапур, Милано…
Со брзиот пораст на бројот на возила во последните неколку децении се појавува гужва во сообраќајот, особено во тесните централни зони. Последиците се многубројни и се рефлектираат со зголемување на времето на патување, загубата на време, трошењето на гориво, зафатеноста на површините, намалувањето на безбедноста во сообраќајот – се наведува во тендерската документација.
Избраните експерти треба да ги дефинираат зоните во рамките на кои се случуваат гужвите. Од нив се бара и да направат и сообраќајна анализа, односно да погледнат како би влијаела наплатата за влез во центарот на сообраќајот во рамките на зоните и надвор од нив, односно на неговата периферија.
Сообраќајните експерти напоменуваат дека бараната студија се базира на „Smart“ планот за развој на сообраќајот до 2033 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.