Католичката црква во Словенија соопшти дека од 4 мај повторно ги отвора верските објекти, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Верниците кој ќе сакаат да присуствуваат на мисите ќе бидат обврзани пред влегување во црквите да си ги дезинфицираат рацете, а внатре ќе мораат да носат заштитни маски и да бидат безбедно оддалечени од другите верници.
Владата даде согласност од денес повторно почнат со работа и матични служби, а со тоа словенечките граѓани ќе можат да склучат граѓански брак. Сепак и тука важат мерките за претпазливост, па така на оваа церемонија нема да биде дозволено да присуствуваат и сватовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.