Со отворањето на новите три станици од една од линиите на атинското метр, од аеродромот во Атина ќе се стигнува до пристаништето Пиреас За 55 минути со што најголемиот грчки аеродром директно ќе се поврзе со најголемото грчко пристаниште.

Според информациите од грчката Влада, со трите нови станици 132.000 граѓани секојдневно ќе можат да го користат метрото со што ќе се користат 23.000 возила помалку.

На специјална манифестација, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, беа пуштени во употреба трите нови станици преку кои метрото ќе стигне до Пиерас.

Главното пристаниште во земјата ја добива позицијата што ја заслужува, позиција достојна за нејзината богата историја, а Владата уште еднаш го спроведува во пракса централниот слоган: Доследност, континуитет, стабилност и во реализација на големи инфраструктурни проекти – порача Мицотакис.

Тој се осврна и на изградбата на метрото во Солун, велејќи дека за 15-16 месеци, односно на крајот од 2023 година или најдоцна до почетокот на 2024 година ќе биде свечено пуштено во употреба и солунското метро со пет станици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.