Турските власти ќе го следат движењето на лицата кои се позитивни на коронавирусот и на нивните членови на семејството преку апликација за паметни телефони, соопшти владата во обид да го спречи брзото ширење на епидемијата во Турција.

Ако пациентот или контактираното лице го напуштило домот, ќе добие СМС порака, а потоа автоматски телефонски повик со кој од него ќе биде побарано да се врати дома, соопшти канцеларијата на турскиот претседател во видео презентација на мерката.

Ако тој не го почитува или го повтори делото, полицијата ќе биде известена и ќе следи казна.

Веста за мерката што треба да стапи на сила оваа недела доаѓа во време кога повеќе европски земји размислуваат за употреба на паметни телефони во борбата против ковид-19, без да се загрози приватноста.

Кабинетот на турскиот претседател тврди дека овој мониторинг ќе се изврши во согласност со законите за заштита на личните податоци и дека сите собрани информации ќе бидат уништени кога ќе помине епидемијата.

Благодарение на слични проекти, другите земји во светот постигнаа одлични резултати во борбата против ковид-19 – велат од канцеларијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.