Истражувањето на „Алфа Рисрч“, спроведено помеѓу 15 и 21 декември покажува дека помалку од половина од Бугарите со право на глас имаат намера да учествуваат на изборите. 28 проценти се двоумат, а 22 проценти се категорични – тие нема да одат на гласање, објави приватната ТВ bTV
Од анкетата се гледа дека 6те партии кои ќе го преминат прагот од 4% за влез во Националното собрание се:

1.ГЕРБ, на Бојко Борисов,води со 24,3% проценти,
2.БСП на Корнелија Нинова и партија која го „даде“ Претседателот Радев е втора со 21,9%
3.„Постојат такви луѓе“ на ТВ водителот Слави Трифонов , исто така антимакедонски настроен лице, има 10,2% што е големо изненадување
4.ДПС на Мустафа Карадај и Ахмед Доган има 7,2%
5.”Демократична Бугарија” на Атанас Атанасов , проекцијата вели дека ќе освојат 6,1%, и последни кои би влегле во Собранието на Бугарија е партијата
6.„Исправи се.БГ“ на Маја Манолова би требала да освои 4,9% од гласовите на наредните Парламентарни избори во Бугарија

Она што не е изненадување за „интелектуалната“ Бугарија е лошата проекција на ВМРО на Красимир Каракачанов, кој изминативе месеци се истакнуваше со сериозни антимакедонски ставови кои често беа и сериозен говор на омраза.

Карактеристично беше дека за разлика од сите лидери на партии кои би влегле во Собранието, според оваа анкета на„Алфа Рисрч“, Каракачанов имаше повеќе ТВ и други медиумкси настапи од останатите 6 лидери заедно, што бугарските опозициски медиуми сметаат дека токму тоа е причината за неговата непопуларност.

Извор Канал 5


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.