Со пребројани 33,45% од гласовите, според официјалните податоци од грчкото МВР, Нова демократија е победник на предвремените парламентарни избори во Грција, со 8,5% разлика во однос на СИРИЗА и доволен број пратеници за да формира еднопартиска влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Поточно:
Нова демократија 39,87% – 159 пратенички места
СИРИЗА 31,34% – 85 пратенички места
Движење на промена 8,25% – 23 пратенички места
Комунистичка партија на Грција 5,3% – 14 пратенички места
Грчко решение 3,77 % – 10 пратенички места
МЕРА25 3,37% – 9 пратенички места
Златна зора 2,99% – 0 пратенички места
Според досега преброените гласови, Златна зора не успева да обезбеди место во грчкиот парламент, бидејќи за 0,01% не ја достигнува границата од 3%, нешто што може подоцна да се промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.